Православен календар

Недела на митарот и фарисејот

трета недела пред великиот пост

Неделата на митарот и фарисејот е првата од трите недели, подготвителни за Великиот Пост. Тие се од светите отци смислени како обука и поттик, за да бидеме готови за духовниот подвиг на постот, оставајќи ги скверните обичаи и навики. Оние кои се готват за телесна битка, најпрвин од војсководците го дознаваат времето на битката, за навремено да го исчистат оружјето, и сè друго добро да устројат, и откако ќе ги отстранат сите пречки, усрдно да се нафатат на подвигот, и да се снабдат со сè што ќе им биде потребно. Многупати пред битката, тие кажуваат истории, споредби и приказни кои во душата поттикнуваат ревност, а ги изгонуваат мрзливоста, стравот, очајанието, и сето друго што е бедно. Така и божествените отци, пред постот, возгласуваат вооружување против демоните, за со тој подвиг да се исчистиме од отровот кој се наталожил во нас. Доколку сè уште не сме се снабдиле со потребното, да се трудиме да го стекнеме, за да бидеме добро наоружани за напорот на постот. Бидејќи првото оружје кон добродетелта е покајанието и смирението, а пречка кон поголемото смирение е гордоста и вознесувањето, затоа најпрвин и се изложува оваа достоверна евангелска приказна. Нè поучува да ја оставиме страста на фарисејската гордост и надменоста, та слично на митарот да твориме спротивно на оваа страст, смирение и покајание. Бидејќи првата и најголемата страст е гордоста и надменоста, и тоа му причини пад од небото на ѓаволот, па тој беше изгонет во темнината. Но, и родоначалникот Адам, заради ова беше изгонет од рајот, преку храната. Со овие примери нè поучуваат светите да не се вознесуваме над некого од ближните заради своите напредувања, туку секогаш да бидеме смирени, затоа што Господ им се противи на гордите, а на смирените им дава благодат. Подобро е кога грешникот се обрнува во покајание, отколку кога праведникот се вознесува. Рече Господ: митарот си отиде повеќе оправдан отколку фарисејот. Оваа приказна покажува дека никој не треба да се вознесува, дури ни кога прави добри дела, туку секогаш да се смирува и да Му се моли на Бога за душата, па така, дури и да е паднат во крајно зло, нема да е далеку од спасението.

Сподели на твитер
днсФевруари 2021
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
15
стар
стил
Февруари
28
Февруари
нов
стил
Недела на блудниот син. Не се пости.
Ап. од 70-те Онисим (109); Преп. Пафнутиј, затворник Печерски (XIII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Избегнувај го самољубието – мајката на злото – коешто е неразумна љубов кон телото. Затоа што од него се раѓаат трите главни гревовни страсти: чревоугодието, среброљубието и суетата, имајќи си ги за повод неопходните телесни потреби. А од нив потоа се раѓа целиот род на страстите. Ете зошто треба многу да се пазиме од самољубието и да се бориме против него... Оној којшто ќе го отфрли самољубието, тој, со Божја помош, лесно ќе ги победи и сите други страсти, како што се: гневот, унинието, злопамтењето и останатите. Оној, пак, кој е обземен од самољубието, тој, дури и без да сака, бива поразуван од страстите.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 2.59,8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк