Православен календар

Праведен Јосиф Обручник

неделата по Рождеството Христово

Светиот Јосиф Обручник потекнувал од родот на царот Давид. Од првиот брак тој имал четири синови и две ќерки. Откако станал вдовец, светиот Јосиф живеел во строго воздржание. На осумдесетгодишна возраст бил избран од првосвештениците да биде чувар на девството на Пресвета Богородица, давајќи завет на безбрачност. За воплотувањето преку неа на Синот Божји му било јавено од Ангел. Светиот Јосиф бил присутен при поклонувањето на пастирите на Новородениот Младенец и при поклонувањето на магите. По укажување на Ангелот, тој побегнал, заедно со Божјата Мајка и со Богомладенецот Иисус во Египет, спасувајќи ги од гневот на царот Ирод. Во Египет тој живеел со Богородица и со Богомладенецот, заработувајќи за нивното издржување со дрводелие. Се упокоил на возраст од околу сто години.

Сподели на твитер
днсЈануари 2019
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Јануари
16
Јануари
нов
стил
Среда. Не се пости.
Прор. Малахиј (IV п.Х.); Мч. Гордиј (IV)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој монах имал борба со блудната похот и, станувајќи навечер, отишол кај старецот и му ги исповедај своите мисли коишто го терале кон блуд. Старецот го успокоил, и братот, добивајќи полза, се вратил во својата ќелија. Но, борбата повторно започнала и тој повторно пошол кај старецот. И тоа го правел неколку пати. Старецот не го ожалостувал, но вака му велел: „не се предавај, подобро доаѓај кај мене кога ќе те беспокои демонот и разобличувај го, откривајќи ги своите мисли. На таков начин разобличен, тој ќе замине. Бидејќи ништо така не го жалости демонот на блудот како откривањето на неговите дела во исповед пред духовникот – и ништо не го радува толку како скривањето на помислите посеани од него.“ Така, братот доаѓал кај тој старец единаесет пати, разобличувајќи ги своите мисли и искушението престанало.

Древен старечник, 5.16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк