Православен календар

Праведен Јосиф Обручник

неделата по Рождеството Христово

Светиот Јосиф Обручник потекнувал од родот на царот Давид. Од првиот брак тој имаше четири синови и две ќерки. Откако стана вдовец, светиот Јосиф живееше во строго воздржание. На осумдесетгодишна возраст беше избран од првосвештениците да биде чувар на девството на Пресвета Богородица, давајќи завет на безбрачност. За воплотувањето преку неа на Синот Божји му беше јавено од Ангел. Светиот Јосиф беше присутен при поклонувањето на пастирите на Новородениот Младенец и при поклонувањето на магите. По укажување на Ангелот, тој побегна, заедно со Божјата Мајка и со Богомладенецот Иисус во Египет, спасувајќи ги од гневот на царот Ирод. Во Египет тој живееше со Богородица и со Богомладенецот, заработувајќи за нивното издржување со дрводелие. Се упокои на возраст од околу сто години.

Сподели на твитер
днсАприл 2019
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Април
19
Април
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
+Св. Методиј, архиеп. Моравски (885); Св. Евтихиј, архиеп. Констант. (582)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Несомнена вистина е дека најголемата промисла Божја се простира решително на целата творба: Бог сè предузнава и за сè се погрижува. Тоа е таа Божествена татковска грижа за која говори блажениот апостол Петар: „Сите ваши грижи положете ги на него и Он се грижи за вас“ (1Пет. 5,7).

Св. Илија Мињатиј
Беседи во Великиот пост, 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк