Светиот цар и пророк Давид беше предок по плот на Господа Исуса Христа. Тој беше осмиот и последен син на Јесеј, старешината на градот Витлеем. Во својата младост, Давид ги пасеше овците на својот татко. Се одликуваше со длабока вера и ревносно ја исполнуваше волјата Божја. Кога Филистејците ја нападнаа израелската земја, еден од нивните војници со име Голијат предизвикуваше огромен страв кај Евреите, бидејќи беше со огромен раст и голема сила, и никој од Евреите не се охрабруваше да му се спротивстави. Кога малечкиот Давид, кој беше дојден да им донесе храна на војниците, чу како Голијат ги навредува Евреите и нивниот Бог, излезе самиот тој на бој против него не носејќи никакво оружје – бидејќи беше премногу мал и слаб за да ги подигне штитот и мечот. Но, со еден удар со камен го усмрти Голијат, по што Евреите се охрабрија и ги победија Филистејците. После смртта на првиот еврејски цар – Саул, Давид стана негов наследник. Мудро управуваше со земјата и се трудеше да му угоди на Бога. Основа нов град за престолнина на Израел и го нарече „град на мирот“ – Јерусалим. Сакаше таму да Му изгради храм на Бога, но Бог го извести дека тоа дело ќе го направи неговиот син – Соломон. За животот на царот Давид опширно е напишано во Светото Писмо, а неговите песни – псалмите, исто така претставуваат една книга од Стариот Завет – Псалтирот.
д | н | с | Декември 2024 |
---|---|---|---|
Н | 1 | 18 | |
П | 2 | 19 | |
В | 3 | 20 | |
С | 4 | 21 | |
Ч | 5 | 22 | |
П | 6 | 23 | |
С | 7 | 24 | |
Н | 8 | 25 | |
П | 9 | 26 | |
В | 10 | 27 | |
С | 11 | 28 | |
Ч | 12 | 29 | |
П | 13 | 30 | |
С | 14 | 1 | |
Н | 15 | 2 | |
П | 16 | 3 | |
В | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Ч | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
С | 21 | 8 | |
Н | 22 | 9 | |
П | 23 | 10 | |
В | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Ч | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
С | 28 | 15 | |
Н | 29 | 16 | |
П | 30 | 17 | |
В | 31 | 18 |