Православен календар

Свети Петар Цетињски, митрополит Црногорски

18 октомври (по стар стил)

Роден е на 1 април 1749 година во селото Његуш. Во монашки чин стапи во својата дванаесетта година. По смртта на митрополитот Сава во 1782 година, Петар стана митрополит и господар на Црна Гора. Сиот свој живот, витешки и свет, овој славен маж му го посвети на својот народ. Внатре работеше со сите сили да ги помири раскараните племиња, а однадвор да ги одбрани земјата и народот од грабливите напаѓачи. И во едното и во другото успеа. Особено се прослави со победата над војската на Наполеон во Бока и Далмација. Кон себе беше суров, а кон секој друг праведен и снисходлив. Живееше во една тегобна келија како прост монах, иако беше кнез на еден народ. Се упокои на 18 октомври 1830 година. Неговите чудотворни мошти почиваат нетлени во Цетињскиот манастир. Господ го прослави и на небото и на земјата како Свој верен и трпелив слуга.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Април
18
Април
нов
стил
Чет., Велик Пост. Строг пост.
Мч-ци Агатопод и други со него (303); Преп. Теодора Солунска (892)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ние пребиваме во Бога онолку, колку што не грешиме.

Св. Бид Почитуван
Коментари на 1Јн. 3,6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк