Православен календар

Преподобен Симеон Нов Богослов

12 октомври (по стар стил)

Преподобниот Симеон Нов Богослов е роден во 946 година во градот Галата (Пафлагонија), во Мала Азија, во семејство на познати и богати родители. Се образуваше во Константинопол каде што татко му го подготвуваше за кариера на царскиот двор. Но, кога наполни 25 години тој почувствува призив за монашки живот, па го напушти царскиот двор и својот дом и се замонаши во Студитскиот манастир, каде што духовен раководител му беше прочуениот старец Симеон Богобојазливиот. Основен подвиг на преподобниот стана непрекинатата Исусова молитва. Заради поголема молитвена сосредоточеност, тој постојано бараше да биде сам, па дури и на литургија стоеше одделно од браќата, а често остануваше сам во црква цела ноќ. За да се навикне на сеќавањето на смртта, поминуваше ноќи на гробиштата. Во 980 година преподобниот Симеон беше поставен за игумен на манастирот Свети Мамант и во тој чин помина 25 години. Околу 1005 година, тој му го предаде раководењето на манастирот на својот ученик Арсениј, а самиот се насели покрај манастирот. Во тоа време на спокојство, тој ги напиша своите прочуени богословски трудови, од кои еден дел е влезен во состав на „Добротољубието“. Неговото учење за новиот човек, за „обожението на плотта“ со која тој сакаше да го замени учењето за „умртвување на плотта“ (заради што и беше наречен Нов Богослов), беше тешко примано од неговите современици. Многу негови поуки им звучеа чудно и неразбирливо, што доведе до конфликт со високиот клир во Константинопол, па преподобниот Симеон се оддалечи на брегот на Босфор каде што ја основал обителта Света Марина. Мирно се упокои во 1021 година. Уште во текот на животот стекна дар на чудотворење.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Октомври
18
Октомври
нов
стил
Недела. Не се пости.
Мц. Харитина (304); Св. Петар, Алексеј, Јона, Филип, Ермоген и Тихон Моск.
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Тебе нека те гонат, но ти немој да гониш; тебе нека те распнуваат, но ти немој да распнуваш; тебе нека те навредуваат, но ти не навредувај; тебе нека те клеветат, но ти немој да клеветиш; биди кроток, а не ревносен во злото.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 89

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк