Православен календар

Свети Вилфрид, архиепископот на Јорк

12 октомври (по стар стил)

Светиот Вилфрид е роден во Нортумбрија, во семејство на прочуен кралски советник, во 7 век. Неговото раѓање било проследено со особена појава: кога се раѓаше, неговите соседи забележаа дека куќата е во пламен, па веднаш поитаа да го гаснат пожарот, но, кога пристигнаа, видоа дека огнот не нанесува никаква штета, туку на чуден начин се вознесува кон небото, никого не повредувајќи. Уште како младо момче, Вилфрид одлучи целиот свој живот да го посвети на Бога, па на 14 годишна возраст стапи во манастир. Беше да се поклони на гробовите на светите Апостоли во Рим, а кога се врати во својата татковина беше поставен за настојател на манастирот, а потоа, на свои 30 години беше избран за епископ. Наместо да богослужи според традиционалниот келтски обред, тој ги воведе римските обреди заради што бил прогонет од келтската јерахија и разрешен од епископската должност. Во Рим беше оправдан од папата, но по своето враќање во татковината, тој повторно беше прогонет од својата катедра, та и замина во други краишта, каде со уште поголема ревност го проповедаше Евангелието. Свети Вилфрид се прослави и како чудотворец - во неговото опширно житие е опишан случајот, кога го воскреснал синот на една сиромашна женичка. Последните години од својот живот светителот ги поминал во Рајпон, каде што и починал во 709 година, предавајќи Му ја својата душа на Бога.

Сподели на твитер
днсОктомври 2020
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Октомври
20
Октомври
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч-ци Сергеј и Вакх (303); Преп. Сергеј Послушлив, Печерски (XIII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Радосно е да се чувствува дека помеѓу луѓето немаме и не може да имаме непријатели, а имаме само несреќни браќа кои се достојни за сожалување и помош, па дури и тогаш кога тие - заради недоразбирање - стануваат наши непријатели и војуваат против нас. Тие не разбираат дека непријателот се наоѓа во нас самите и дека најпрвин треба него да го избркаме од себеси, а потоа и на другите да им помагаме да го сторат истото. Ние имаме еден заеднички непријател – тоа е ѓаволот и неговите зли духови, а човекот, колку и да паднал ниско, никогаш не ги губи барем неколкуте искри на светлина и добрина коишто можат да се распалат во силен пламен. А ние немаме никаква добивка од војувањето со луѓето, дури ако тие постојано ни задаваат различни удари и навреди... Да се војува со луѓето – тоа значи да се застане на нивната лажна позиција. Дури и во случај на успех, таа војна ништо не би ни дала, а би нè оддалечила на долго од нашата задача.

Свшт-испов. Роман Медвед
Писмо кон ќерката од логор, 1932

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк