Православен календар

Преподобен Теофан Начертани

11 октомври (по стар стил)

Исповедник и писател на канони. Роден е во Арабија од богати и побожни родители. Заедно со неговиот брат Теодор (се слави на 27 декември) се замонаши во манастирот на светиот Сава Осветен. Како многу образовани монаси, Ерусалимскиот патријарх Тома ги испрати кај царот Лав Ерменин за да му го образложат и да го одбранат пред царот иконопочитувањето. Свирепиот цар ужасно ги намачи овие свети браќа и ги фрли во затвор. Подоцна, царот иконоборец Теофил продолжи да ги мачи, а за да ги изложи на потсмев на светот нареди на нивните лица да се нацртаат некои шегобијни зборови. По завршувањето на иконоборството, свети Теофан беше пуштен на слобода и наскоро посветен за епископ. Се упокои мирно во 847 година. За иконите страдаше дваесет и пет години. Напиша сто четириесет и пет канони и се удостои со наследството на вечната радост на својот Господ.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Октомври
18
Октомври
нов
стил
Недела. Не се пости.
Мц. Харитина (304); Св. Петар, Алексеј, Јона, Филип, Ермоген и Тихон Моск.
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Знаеме и убедени сме во тоа дека отпаѓањето од Црквата - дали во раскол, дали во ерес, дали во секташтво - е целосна погибел и духовна смрт. За нас нема христијанство надвор од Црквата. Ако Христос ја создал Црквата и Таа е Неговото Тело, тогаш одделувањето од Телото Христово значи смрт,

Св. Илирион Троицкий.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк