Православен календар

Преподобниот новомаченик Макариј

6 октомври (по стар стил)

Роден е во местото Кион во Витинија од христијански родители, Петар и Антуса, а крстен е со името Мануил. Родителите го дадоа да учи кројачки занает. Потоа, татко му се потурчи и се пресели во Бурса. Кога еднаш Мануил појде во Бурса по работа, наиде на татко му, којшто навали на сила да го потурчува. Мануил попусто се противеше: Турците насила го обрезаа. Тогаш тој побегна на Света Гора и се замонаши во скитот на Света Ана и се нарече Макариј. Дванаесет години беше извонреден монах, но никако немаше душевен мир. „Ако некој се одрече од Мене пред луѓето и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец“ (Матеј 10, 33) - тие Христови зборови непрестајно му зуеја во ушите на Макариј. Затоа реши и со благослов на својот старец отиде во Бурса и јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Христа, нарекувајќи го Мухамед лажен пророк. Го биеја сто и триесет дена подложен на тешки маки и на крајот го убија со меч во Бурса на 6 октомври, 1590 година. Еден дел од неговите чудотворни мошти се чува во скитот на Света Ана, на Атон.

Сподели на твитер
днсОктомври 2020
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Октомври
26
Октомври
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
+Новомч. Злата Мегленска (1795); Мч-ци Карп, Папил, Агатодор и Агатоник (251)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Среќен е човекот во кого има љубов Божја, бидејќи он во себе Го носи Бога. Во кого има љубов, тој заедно со Бога е над сè. Во кого има љубов, тој не се плаши, од никого никогаш не се гнаси, пред никого не се превознесува, никого не клевети, а оние кои клеветат не ги слуша, не соперничи, не завидува, не се радува на туѓите падови, не го оцрнува оној којшто паднал, туку сочувствува со него и му помага, не го презира братот кој има потреба од нешто, туку се застапува и е готов да умре за него. Во кого има љубов, тој ја исполнува волјата Божја.

Преп. Ефрем Сирин
Духовно-морални писма

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк