Православен календар

Свети Стефан Штиљановиќ

4 октомври (по стар стил)

Деспот српски. Управувал со српскиот народ во многу тешки периоди, борејќи се храбро против Турците и Латините. Божји праведник и родољуб, овој прекрасен кнез може да се спореди со светиот Александар Невски или со свети Јован Владимир. Се упокои во почетокот на 14 век (според некои во 1515 г.). На неговиот гроб ноќе се појавуваше светлина, според која и се пронајдени неговите свети мошти, кои долго време почиваа во Фрушкогорскиот манастир Шишатовац, па за време на Втората светска војна беа пренесени во Белград и положени во Соборната црква покрај телото на светиот кнез Лазар. Неговата жена Елена, откако ги виде нетлените мошти Стефанови и чудата што извираа од нив, се замонаши и се предаде на подвиг до смртта.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јануари
14
Јануари
нов
стил
Среда. Не се пости.
Обрезание Господово
Св. Василиј Велики (379)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој монах запрашал некого од старците: „зошто мојата мисла постојано тежнее кон тоа да направи блуд и не ми дава мир ниту за миг, па мојата душа се вознемирува?“ Старецот му одговорил: „ако демоните ти предлагаат грешни мисли, ти не им се предавај; на демоните им е својствено постојано да соблазнуваат. И иако тие никогаш не престануваат да советуваат, сепак не можат да те натераат да згрешиш, од твојата волја зависи дали ќе ги послушаш, или не...“ Братот му возвратил на старецот: „што да правам? Јас сум слаб и чувствувам дека таа грешна страст ме победува.“ Старецот одговорил: „Внимавај на тие мисли, и кога ќе почнат во тебе да зборуваат, не им одговарај, туку моли Му се на Бога: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“

Древен старечник, 5.35

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк