Православен календар

Преподобен Амон

4 октомври (по стар стил)

Родум Египќанец, а по занимање лозар. Неговите роднини го оженија против неговата волја, но тој не сакаше да живее со жена му како со жена, туку од првиот ден ја нарече сестра и ја посоветува заедно да си ја сочуваат девственоста заради вишните богатства на небесата. Потоа, по договор, жената основа женски манастир во нивниот дом, а Амон отиде во Нитриската пустина, каде што се предаде на пустински подвиг. Заради чистотата на срцето, од Бога прими големи дарови на чудотворност и прозорливост. Едни маж и жена му го доведоа нивниот побеснет син за да го излечи со молитва. Но, Амон никако не сакаше. По долго навалување на родителите Амон рече: „Во вашите раце е болеста и здравјето на вашето дете. Вратете ѝ го на онаа вдовица (и ѝ го кажа името) волот што ѝ го украдовте и синот ќе ви оздрави. Ужаснати од оваа прозорливост на светителот, родителите веднаш го исповедаа својот грев и ветија дека штом ќе си отидат веднаш ќе го вратат украдениот вол. Тогаш свети Амон Му се помоли на Бога и детето оздраве. Амон му беше близок другар на свети Антониј Велики. Кога тој се упокои во Нитрија околу 350 година, свети Антониј од својата келија ја виде Амоновата душа во висините и им рече на браќата: „Денес се престави авва Амон, еве, ја гледам неговата света душа како ја носат Ангели на небото“.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
17
стар
стил
Април
30
Април
нов
стил
Среда. Пост.
Прмч. Кипријан Слепченски (1780)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не посакувај да слушаш за несреќата на твоите непријатели. Бидејќи оние кои слушаат такви зборови, потоа ги жнеат плодовите од своите желби.

Преп. Марко Подвижник. 2. 173.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк