Православен календар

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

26 септември (по стар стил)

Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господа Исуса, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Преображението на Господа на гората Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ, тој потоа ѝ беше како син на Пресветата Дева и грижливо ѝ служеше и Ја чуваше сè до Нејзиното успение. По успението на Пресвета Богородица, свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Најмногу престојуваше и дејствуваше во Ефес. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство, мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото. Огорчени, незнабошците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен, го испрати на прогонство на островот Патмос. На тој остров, Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес каде проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се претстави кај Господа. Кога потоа учениците му го отворија гробот, не го најдоа неговото тело, но секоја година на 8 мај, од гробот излегуваше некој ситен прав, миризлив и лековит. По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ.

Сподели на твитер
днсОктомври 2024
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Септември
5
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Прор. Јона (VIII п.Х.), Свмч. Фока, еп. Синопски (117)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог ги цени делата според нивната намера. Бидејќи е речено: „ќе ти даде Господ според Твоето срце“ (Пс. 19,5)... Затоа оној којшто сака нешто да направи, но не може, нему му се смета - пред Бога, Кој ги знае намерите на нашето срце - како да го извршил тоа. Тоа се однесува како на добрите дела, така и на лошите.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 1. 54

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк