Православен календар

Светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт

19 септември (по стар стил)

Во времето на царот Пров, во 3 век, кога во Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани. Но, се случи токму во тоа време скверното празнување и жртвопринесување на Аполон во Дафна кај Антиохија. Атик особено се грижеше сите граѓани да земат учество во тоа празнување. Па, бидејќи некои ги видоа Трофим и Саватиј, му јавија на Атик дека овие туѓинци не земаат учество во нивниот празник. Атик ги даде на суд, па бидејќи не се одрекоа од Христа, еден по еден ги подложи на маки. Откако ги изби и ги намачи, Трофима го испрати во Фригија кај некој Дионисиј, уште полут мачител на христијаните, а самиот го изведе од затворот Саватиј и почна да го суди. Кога мачителот го запраша Саватиј кој е и каков чин има, тој му одговори: „Мојот чин и моето достоинство, и татковина, и слава, и богатство мое е Христос, Синот Божји, секогаш жив, врз Чија Промисла вселената стои и се управува.“ За ова го биеја и го растргнуваа, го стружеа со железо, додека не му излегоа коските од под месото. Во тие маки и издивна. А Трофим, мачителот Дионисиј го подложи на големи маки и го држеше во затвор за уште поголеми. Тогаш кај Трофим во затворот дојде и му служеше некој сенатор Доримедонт, потаен христијанин. Кога дозна за ова, мачителот почна да ги мачи двајцата и најпосле ги фрли пред ѕверови. Но, ѕверовите не ги ни допреа. Свети Доримедонт намерно ја дразнеше мечката влечејќи ја за уши за да го растргне, но при сето тоа мечката му се умилкуваше. На крајот, мачителот нареди та светите Трофим и Доримедонт ги убија со меч. Душите на овие маченици царуваат на небесата.

Сподели на твитер
днсМај 2025
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Мај
17
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ка Пелагија, дева Тарсијска (290)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога умот ќе ја заборави целта на благочестието, тогаш и јавното исполнување на добродетелите станува бесполезно.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2. 51

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк