Православен календар

Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски

17 ноември (по стар стил)

Божји човек и голем чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и египетската философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност, се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време помина во мачни подвизи. Славата за него се пренесе насекаде и Федим, епископот Амасиски, сакаше да го посвети за епископ Кесариски. прозорливиот Григориј ја забележа Федимовата намера, па се криеше по пустината од неговите пратеници, за да не го најдат. Најпосле, Федим го посвети на чудесен начин и Григориј мораше да ја прими архипастирската служба. Му се јави Пресвета Богородица со свети Јован Богослов и на заповед од Богородица, свети Јован му го предаде Симболот на Верата познат под името Григориев. Кој ќе ги изброи чудата на овој втор Мојсеј? Им заповедаше на злите духови, заповедаше над горите и над водите, ги лечеше сите маки и болести, пред гонителите стануваше невидлив, ги проѕираше на далечина не само настаните туку и мислите на луѓето. Земниот живот го заврши во 270 година, во длабока старост. Кога дојде за епископ во Кесарија го затекна сиот град незнабожечки и само седумнаесет христијани во него. А кога си заминуваше од овој живот го остави сиот град христијански, а само седумнаесет незнабошци во него. За ова прими венец на слава од својот Господ.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Април
16
Април
нов
стил
Вто., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Никита исповедник, игумен на обителта Мидикијска (824)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој што ги мрази страстите, тој ги отсекува и причините за нив; а оној што пребива со причините што ги произведуваат страстите, тој и против своја волјата ја искусува борбата со страстите... Невозможно е со мислите да се приближува кон страстите оној, кој не ги љуби нивните причини. Бидејќи кој е тој којшто, мразејќи го срамот, се предава на самофалба? Или кој, љубејќи го понижувањето, ќе се возмутува од бесчестието? Кој, имајќи срце скрушено и смирено, ќе прими плотска страст? Или кој, верувајќи во Христа, се грижи за времето или се кара поради него?

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2.119,122-123

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк