Православен календар

Свети Григориј Палама, архиепископ Солунски

14 ноември (по стар стил)

Татко му на Григориј беше висок чиновник на дворецот на царот Андроник II Палеолог. Откако надарениот Григориј ги изучи светските науки, не сакаше да се зафати со служба на дворецот, но замина на Света Гора и се замонаши. Се подвизуваше во Ватопед и во Лаврата. Водеше борба со еретикот Варлам и најпосле го победи. Беше посветен за митрополит Солунски во 1347 година. Се прослави и како подвижник и како богослов, и како јерарх и како чудотворец. Му се јавуваа повеќе пати: Пресвета Богородица, свети Јован Богослов, свети Димитриј, свети Антониј Велики, свети Јован Златоуст, ангелите Божји. Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно, во 1360 година. Моштите му почиваат во Солун, во прекрасната црква што му е посветена.

Сподели на твитер
днсАприл 2023
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Март
1
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Мч-ци Хрисант и Дарија и други со нив пострадани (283)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секогаш во срцето свое имај страв Божји и помни дека Бог е секаде со тебе, на секое место, одиш ли или седиш.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка, 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк