Православен календар

Светиот маченик Орест

10 ноември (по стар стил)

Од градот Тијана во Кападокија. Свети Орест од раѓање беше христијанин, а по занимање беше лекар. Беше сурово мачен од некој свиреп кнез Максимин во времето на царувањето на Диоклецијан. Кога кнезот најнапред го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите, Орест одговори: „Кога ти би ја познал силата на Распнатиот, би ја отфрлил идолската лага и би Му се поклонил на вистинитиот Бог“. За ова беше многу биен, стружен и растргнуван, горен со врело железо, па најпосле фрлен во затвор за да умре од глад. Младиот Орест помина седум дена без леб и вода. Осмиот ден повторно го изведоа пред кнезот, кој му се закани со страшни маки. На ова Орест му одговори: „Готов сум да претрпам секаква мака, бидејќи го имам знакот на мојот Господ Исус Христос изобразен на моето срце“. Тогаш кнезот нареди и му удрија во нозете дваесет железни клинци, го врзаа за коњ и го збоднаа по трња и камења, додека не издивна. На местото каде што беше фрлено телото на Божјиот маченик Орест се јави еден човек светол како сонце, па ги собра сите негови коски и ги пренесе на еден рид близу градот Тијана, таму ги погреба чесно. Овој прекрасен светител Орест му се јавил на свети Димитриј Ростовски и му ги покажал сите свои рани на телото.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Јануари
24
Јануари
нов
стил
Петок. Пост.
Преп. Јоаникиј Ракотински (1940); +Преп. Теодосиј Велики (529)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако човекот не му кажува сè на духовникот, тогаш неговиот пат е крив и не води кон спасение, а оној што кажува сè тој ќе влезе во Царството Небесно.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XIII. 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк