Православен календар

Преподобен Варлам Хутински

6 ноември (по стар стил)

Роден е и воспитан како христијанин во големиот Новгород. По смртта на родителите се замонаши и се предаде на тежок подвиг. Основа манастир на брегот на реката Волхова, на местото каде што му се покажа небесна светлина. Беше голем чудотворец за време на животот и после смртта, проѕираше во човечките тајни, изгонуваше нечисти духови и ги лечеше болестите кај луѓето. Слугата на кнезот Василиј Василевич беше тешко болен, па замоли да го однесат на гробот на свети Варлам. Побара дури ако умре по патот, мртов да го однесат кај светителот. Така и се случи. Тој умре по пат и го однесоа мртов во манастирот, но таму оживеа, та стана и му се поклони на гробот на светителот. Во 1471 година царот Иван Грозни нареди да го откопаат гробот на свети Варлам. Штотуку почнаа да откопуваат се крена пламен од гробот. Царот толку се исплаши што побегна од црквата и во брзањето си го заборави стапот, којшто до ден денес се чува крај гробот на светителот. Во спомен на ова чудо свети Варлам се празнува уште еднаш во петокот после Неделата на Сите Светии.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Октомври
17
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Свмч. Јеротеј, еп. Атински (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога лошите мисли те опкружуваат тогаш моли Му се на Бога: „Господи, Творче мој и Создателу. Ти гледаш дека душата моја е вознемирена од лоши мисли, помилуј ме“... научи се веднаш да ги отсекуваш мислите. А ако се заборавиш и не ги избркаш веднаш, принеси покајание. Потруди се околу тоа, за да ти стане навика.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XVII.4.6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк