Православен календар

Свети Јона, архиепископ Новгородски

5 ноември (по стар стил)

Роден е во Новгород и рано остана сираче. Го зеде една богобојазлива вдовица и го воспита. Клопскиот јуродив Михаил, кога го виде како дете му прорече: „Иванушка, учи се усрдно, зашто ќе бидеш архиепископ во овој голем Новгород“. И навистина, подоцна, по смртта на архиепископот Ефтимиј, овој Јона беше избран и посветен на негово место. Јона беше милостив и благочестив како ретко кој смртен човек. Подигаше цркви и манастири и пастирствуваше како добар пастир. Му беше понудена Столицата на Московскиот митрополит. Но тој одби, изговарајќи се со староста. Се упокои мирно на 5 ноември, 1570 година. Сто години по неговата смрт имаше голем пожар во Новгород. Среде пожарот моштите на овој светител не изгореа, туку напротив, после тоа почнаа да пројавуваат исцелителна сила и прекрасно благоухание.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Јануари
26
Јануари
нов
стил
Недела по Богојавление. Не се пости.
Мч-ци Ермил и Стратоник (315)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој строго ги испитува туѓите престапи, тој нема да добие никакво снисходење за своите.

Св. Јован Златоуст
За статуите. 3, 6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк