Православен календар

Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски

3 ноември (по стар стил)

Осумдесетгодишниот старец Акепсим, исполнет со секоја христијанска добродетел, еден ден седеше во својот дом со гости. Притоа едно дете исполнето со благодатта на Светиот Дух му притрча на стариот епископ, го целива во главата и рече: „Блажена е оваа глава, зашто за Христа ќе прими маченички венец!“ Ова пророштво наскоро се обвистини. Царот Савориј покрена луто гонење на христијаните по цела Персија, па беше фатен и Акепсим и го изведе пред некој идолски кнез. На уапсениот и врзан епископ му пристапи некој од неговите домашни и го праша што ќе заповеда во поглед на неговиот дом. Светителот му одговори: „Тоа веќе не е мој дом, јас неповратно одам во вишниот дом.“ После големи мачења го фрлија во затвор. Во истиот затвор утредента ги доведоа Јосиф и Ајтал, од кои Јосиф беше седумдесетгодишен старец презвитер, а Ајтал ѓакон. После три години затвор и многу маки на Акепсим му ја отсекоа главата, а Јосиф и Ајтал ги закопаа во земја до бедрата и бездушниците им наредија на христијаните да ги удираат со камења. По Божја Промисла телото на Јосиф ноќта исчезна, а над Ајталовото тело израсна дрвото марсина, коешто исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето. Ова траеше пет години, а потоа завидливите незнабошци го исекоа дрвото. Овие Христови војници пострадаа во 4 век во Персија, за време на незнабожниот цар Савориј.

Сподели на твитер
днсМарт 2024
П117
С218
Н319
П420
В521
С622
Ч723
П824
С925
Н1026
П1127
В1228
С1329
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Она што го велиме или го правиме без молитва, тоа потоа се покажува или погрешно или штетно и нè разобличува преку делата на непознат за нас начин.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 108

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк