Православен календар

Светиот свештеномаченик Зиновиј и сестра му Зиновија

30 октомври (по стар стил)

Од градот Егеј во Киликија. Од родителите ја наследија вистинската вера, но и големо материјално богатство. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти предлагам две нешта - живот и смрт. Живот ако им се поклониш на боговите, смрт ако не им се поклониш“. Свети Зиновиј одговори: „Животот без Христа не е живот туку смрт, а смртта заради Христа не е смрт туку живот.“ Кога го подложија на маки, на судијата му се јави Зиновиевата сестра и му рече: „Чашата на страдањата сакам да ја испијам и јас, и да се овенчам со таков венец“. После многу маки во оган и зовриена смола, обајцата беа убиени со меч, околу 285 година. Така овие брат и сестра се преселија во бесмртното Царство Христово.

Сподели на твитер
днсЈули 2025
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јули
19
Јули
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Преп. Сисој Велики (429); Собор на Радоњешките светители
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Повеќе од секоја молитва и жртва, пред Господа а скапоцена скрбта за Него и поради Него.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 58

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк