Православен календар

Пренос на моштите на преподобен Јован Рилски

19 октомври (по стар стил)

Главниот празник на преподобниот Јован Рилски е 18 август (по стар календар) и таму е поподробно опишано неговото житие. На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти од Софија во новата столица Трново. Живееше како отшелник на планината Рила во X век, во времето на благоверниот цар бугарски Петар. Уште за време на животот беше нарекуван земен ангел и небесен жител, а од Бога доби дар на исцеление и чудотворство. Се упокои на 18 август 946 година, а 34 години подоцна им се јави на своите ученици и им заповеда да ги откопаат неговите нетлени мошти и да ги пренесат во Средец (Софија). Таму моштите се наоѓаа два века, до 1195 година, кога царот Асен ги пренесе во столицата Трново. Во 1496 година, откако добија разрешение од султанот, монасите од Рилската обител ги вратија моштите на светителот од Трново во основаниот од него Рилски манастир.

Сподели на твитер
днсМај 2020
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Мај
31
Мај
нов
стил
Недела на Светите Отци на I Вселенски собор. Не се пости.
Мч. Теодот Анкирски и седум деви маченички (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Невозможно е да се приближиме кон Бога без скрб, без неа и праведноста на човекот не се запазува неизменета... Ако сакаш добродетели, предај се на секаква скрб , бидејќи скрбта раѓа смирение. Кој без скрб пребива во својата добродетел, нему му е отворена вратата на гордоста.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 34

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк