Православен календар

Свети Никифор, патријарх Цариградски

13 март (по стар стил)

Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го разобличи. Заради ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на свети Теодор. Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година. Откако изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на патријаршискиот беше вратен патријархот Методиј, тогаш (846 година) моштите на свети Никифор ги пренесоа од Проконис во Цариград и прво ги положија во црквата Света Софија од која беше прогонет за време на животот, а потоа во црквата на светите апостоли. Главното празнување на овој јерарх е на 2 јуни, а на 13 март се празнува откривањето и преносот на неговите нетлени мошти. Свети Никифор е прогонет од Цариград на 13 март, а по деветнаесет години на истиот датум во престолнината ги донесоа неговите свети мошти.

Сподели на твитер
днсАприл 2023
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Март
1
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Мч-ци Хрисант и Дарија и други со нив пострадани (283)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако во нас немаше пристрасност ниту кон парите, ниту кон празната слава, ако не се плашевме ниту од смртта, ниту од сиромаштијата, ако не знаевме ниту за непријателство, ниту за омраза, тогаш немаше да страдаме ниту од своите, ниту од туѓите жалости.

Св. Јован Златоуст
Кон оние кои непријателствуваат, 3.19

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк