Православен календар

Светиот маченик Кодрат Никомидиски

10 март (по стар стил)

Беше богаташ и благородник, а уверен и крстен христијанин. Во времето на гонењето на Валеријан, кога мнозина христијани беа затворени, Кодрат ги потплатуваше затворските власти и влегуваше по затворите, им носеше потребни намирници на заробените и ги утврдуваше во верата. Кога беа изведени пред судијата и прашани за името, татковината и статусот, тие молчеа. Тогаш зад нив се појави Кодрат кој извика на сиот глас: „Христијани сме по име, благодарни слуги на Господ Исус Христос, а град и татковина ни е небото“. После оваа изјава го подложија на суд, и по долги маки го убија заедно со другите.

Сподели на твитер
днсОктомври 2024
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Октомври
15
Октомври
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Свмч. Кипријан, мц. Јустина и мч. Теоктист (304); Блж. Андреј јуродив (936)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Душата која е грешна и заробена од страстите, таа не може да има мир и да се радува во Господа, па дури и ако владее со сите богатства на светот, дури и ако царува над сиот свет. Ако на таков цар, којшто весело пирува и си седи на престолот во целата негова слава, одненадеж му речеш: „Цару, ти сега ќе умреш“ тогаш неговата душа ќе се возмути и ќе затрепери од страв, и тој би ја видел својата немоќ. А колку има сиромаси, кои што се богати само со љубов кон Бога и на кои ако им кажеш: „ти сега ќе умреш“ би одговориле со мир: „Нека биде волјата Господова. Слава Му на Господа што се сетил на мене и што сака да ме земе.“

Преп. Силуан Атонски
Списи, IV.3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк