Православен календар

Преподобен Марко Подвижник

5 март (по стар стил)

Аскет и чудотворец. Замонашен од својот учител, свети Јован Златоуст, во четириесеттата година од животот, Марко помина уште шеесет години во Нитриската пустина во пост, молитва и пишување на душеполезни книги. Целото Свето Писмо го знаеше наизуст. Беше многу милостив и плачеше над бедата на секое Божјо создание. Еднаш плачејќи Му се помоли на Бога за слепото младенче на една хиена и тоа прогледа. Од благодарност, мајката хиената му донесе една овновска кожа. Но, светителот ѝ забрани на хиената во иднина да ги коле овците на бедните луѓе. Причест примаше од раце на ангели. Неговите беседи за духовниот закон, за покајанието, за трезвеноумието итн. спаѓаат во првокласната црковна книжевност, нив ги фалеше и возвишениот патријарх Фотиј.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Октомври
16
Октомври
нов
стил
Петок. Пост.
Свмч-ци Дионисиј Ареопагит, еп. Атински, Рустик презв., Елефтериј ѓак. (96)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој монах запрашал некого од старците: „зошто мојата мисла постојано тежнее кон тоа да направи блуд и не ми дава мир ниту за миг, па мојата душа се вознемирува?“ Старецот му одговорил: „ако демоните ти предлагаат грешни мисли, ти не им се предавај; на демоните им е својствено постојано да соблазнуваат. И иако тие никогаш не престануваат да советуваат, сепак не можат да те натераат да згрешиш, од твојата волја зависи дали ќе ги послушаш, или не...“ Братот му возвратил на старецот: „што да правам? Јас сум слаб и чувствувам дека таа грешна страст ме победува.“ Старецот одговорил: „Внимавај на тие мисли, и кога ќе почнат во тебе да зборуваат, не им одговарај, туку моли Му се на Бога: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“

Древен старечник, 5.35

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк