Православен календар

Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск

3 март (по стар стил)

Му беа другари на светиот Теодор Тирон. Кога славниот Теодор славно и умре, тие останаа во затворот после него и уште долго не беа осудени, зашто се обавуваше смената на царскиот намесник во градот Амесија. Кога стигна новиот намесник, уште понечовечен од својот претходник, нареди и му ги изведоа овие тројца. Сите беа млади, Клеоник и Евтропиј беа родени браќа, а Василиск му беше роднина на свети Теодор. Но, според братската љубов меѓу нив како да беа тројцата браќа. Така му рекоа и на намесникот: „Како што Светата Троица е неделива така и ние сме неделиви во верата и неразлачни во љубовта“. Сите ласкања на намесникот и сите обиди да го поткупи Евтропиј беа залудни. Тој прво го покани Евтропиј на вечера, но Евтропиј го одби со зборовите на Псалмот: „Блажен е оној човек кој не оди на совет безбожнички“ (Пс. 1,1). Потоа намесникот му понуди и огромно богатство - сто и педесет литри сребро - но Евтропиј и за ова го одби потсетувајќи го дека Јуда за сребро си ја изгуби душата. После сите обиди, малтретирања и мачења, Евтропиј и Клеоник беа осудени на смрт со распетие, а Василиск го убија со меч. Му благодареа на Бога Којшто ги удостои да заминат во радоста на Неговото Царство, во кое му тргнаа во пресрет на својот војвода свети Теодор, прославен од Христа, Господ и Победникот. Чесно пострадаа во 308 година.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Треба да се научиме себеси да јадеме што помалку, но тоа да биде со расудување, онолку колку што ти дозволува твојата работа. Мерката на воздржанието треба да биде таква, што после ручекот да имаш желба да се молиш.

Преп. Силуан Атонски
Списи, V.8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк