Света Евталија беше девица од Сицилија и нејзината мајка го носеше истото име, а брат ѝ се викаше Сермилијан. Сите беа некрстени и незнабожци. Старата Евталија боледуваше од крвотечение. Во сон ѝ се јавија Светите маченици Агфеј, Филаделф и Кирил (се празнуваат на 10 мај) и ѝ рекоа дека ќе оздрави само ако се крсти во името на Господ Исус Христос. Евталија поверува во Христа, се крсти и навистина оздраве. Кога го виде тоа чудо, и ќерка ѝ се крсти. А Сермилијан почна да ги исмева мајка си и сестра си заради верата во Христа, а потоа и да им се заканува. Мајката се уплаши и побегна од дома. Тогаш братот почна да си ја гони сестрата. Но, таа не се уплаши, зашто помил ѝ беше Христос одошто братот и му рече на Сермилијан: „Христијанка сум и не се плашам да умрам“. Избезумен, брат ѝ испрати кај неа еден слуга за да ја обесчести. Но, кога ја нападна Евталија слугата ослепе. Брат ѝ го виде тоа чудо, но остана со тврдо срце. Јурна по сестра му, ја фати и ѝ ја отсече главата, слично како Каин. Со ова Светата девица Евталија се овенча со венец на вечна слава, а на неа се исполнија зборовите на Господ Кој не сокри дека непријатели на човекот ќе му бидат неговите домашни (Матеј 10, 34-35).
д | н | с | Април 2025 |
---|---|---|---|
В | 1 | 19 | |
С | 2 | 20 | |
Ч | 3 | 21 | |
П | 4 | 22 | |
С | 5 | 23 | |
Н | 6 | 24 | |
П | 7 | 25 | |
В | 8 | 26 | |
С | 9 | 27 | |
Ч | 10 | 28 | |
П | 11 | 29 | |
С | 12 | 30 | |
Н | 13 | 31 | |
П | 14 | 1 | |
В | 15 | 2 | |
С | 16 | 3 | |
Ч | 17 | 4 | |
П | 18 | 5 | |
С | 19 | 6 | |
Н | 20 | 7 | |
П | 21 | 8 | |
В | 22 | 9 | |
С | 23 | 10 | |
Ч | 24 | 11 | |
П | 25 | 12 | |
С | 26 | 13 | |
Н | 27 | 14 | |
П | 28 | 15 | |
В | 29 | 16 | |
С | 30 | 17 |