Православен календар

Свети Лав I, папа Римски

18 февруари (по стар стил)

Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт, и покрај неговото противење, го издигнаа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архијерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на светиот човек толку го уплаши и видението на светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следствено - одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на свети Петар, а свети Петар го исправи. Пред смртта, четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва се додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.

Сподели на твитер
днсЈуни 2023
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Мај
1
Јуни
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Свмч. Патрикиј, еп. Пруски, и неговата дружина (II-III)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијанинот е должен да биде внимателен кон сите. Неговите зборови и дела треба да оддишуваат со благодатта на Светиот Дух којашто пребива во неговата душа, за на тој начин да се прославува името Божјо. Оној којшто го испитува секој збор, тој го испитува и секое дело. Оној којшто ги проверува зборовите што се токми да ги каже, ги проверува и делата што се токми да ги направи и никогаш нема да ја прејде границата на доброто и добродетелното поведение. Благодатните зборови на христијанинот се карактеризираат со истенченост и внимателност. Тоа е она што ја раѓа љубовта и ги носи мирот и радоста. Грубоста, пак, раѓа омраза, непријателство, жалост, желба да се победува, безпоредок и војни.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќа, 7

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк