Православен календар

Свети Ахил, епископ Лариски

15 мај (по стар стил)

Овој голем јерарх и чудотворец беше роден во Кападокија. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, на којшто ги посрами еретиците како со својата ученост така и со светоста, предизвикувајќи голем восхит. Зеде свети Ахил еден камен и им викна на ариевците: „Ако Христос е создание Божјо, како што велите вие, речете од овој камен да потече елеј!“ Еретиците молчеа и се чудеа на таквиот предизвик од светителот. Тогаш свети Ахил повторно рече: „А ако Синот Божји е рамен на Отецот, како што веруваме ние, нека потече елеј од овој камен!“. И навистина, на општо восхитување, потече елеј. Свети Ахил се упокои мирно во Лариса во 330 година. Кога Цар Самоил ја освои Тесалија, ги пренесе моштите на свети Ахил во Преспа, на островот во езерото којшто се нарече, а и денес се вика Ахил или Аил.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јануари
19
Јануари
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Богојавление.
Крштевање на Господа
Иисуса Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Блажена е смирената душа; неа ја љуби Господ. Највисоко од сите во смиреноста е Божјата Мајка, и затоа неа ја ублажуваат сите родови на земјата и ѝ служат сите небесни сили; таа Своја Мајката ни ја дал Господ да се застапува за нас и да ни помага.

Преп. Силуан Атонски
Списи, III.14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк