Православен календар

Преподобен Серапион Синдонит

14 мај (по стар стил)

Синдон на грчки значи крпа од платно. Овој светител е наречен Синдонит, бидејќи својата голотија ја покриваше само со една крпа од платно. Во раката носеше Евангелие. Серапион живееше како птица, без покрив и без грижи, преоѓајќи од место на место. Својот синдон му го даде на еден бедник којшто трепереше на мразот, а самиот остана сосем гол. Кога некој го запраша: „Серапионе, кој те разголе?“ Тој покажа на Евангелието и рече: „Ова!“ А потоа и Евангелието го даде за откуп на некој задолжен човек, когошто доверителот го гонеше во затвор заради долгот. Еднаш, во Атина четири дена не јадеше ништо бидејќи немаше ништо и почна да вика од глад. Кога атинските философи го прашаа зошто вика, тој одговори: „На тројца им бев должен, двајца ги подмирив, а третиот уште ме мачи. Првиот заемодавец е телесната похот, која ме мачеше во младоста, вториот среброљубието, а третиот стомакот.“ Философите му дадоа златник да си купи леб. Тој отиде кај пекарот, си купи само еден леб, го остави златникот и си отиде. На старост мирно се престави кај Господ, во 5 век.

Сподели на твитер
днсМарт 2024
П117
С218
Н319
П420
В521
С622
Ч723
П824
С925
Н1026
П1127
В1228
С1329
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секој од нас може да расудува за Бога само толку колку ја познал благодатта на Светиот Дух; затоа што, како можеме ние да зборуваме и расудуваме за тоа што не сме го виделе, или за она што не сме го чуле и што не го знаеме? Ете светиите велат дека го виделе Бога, а има и луѓе кои велат дека нема Бог. Јасно е дека така зборуваат зашто не го познале Бога, и тоа воопшто не значи дека нема Бог. Светиите, пак, говорат за она што навистина го виделе и го знаат.

Преп. Силуан Атонски
Писанија VIII.9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк