Православен календар

Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин

10 мај (по стар стил)

Родени браќа, синови на некој кнез Виталиј во Јужна Италија. Прекрасни во благородството, силни во верата. Судени за верата во Христа, водени од еден судија до друг, од еден мачител до друг. Беа одведени во Сицилија и таму убиени во времето на царот Ликиниј. На Алфеј му го отсекоа јазикот. Од излив на крвта Алфеј умре. Филаделф беше изгорен на железна леса, а Кирин во оган. Нивните нетлени мошти беа пронајдени во 1517 година. Овие тројца браќа ѝ се јавија на света Евталија (се слави 2 март).

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Главната цел на нашиот живот е живото општење со Бога. Поради тоа и Синот Божји се воплотил, за да ни го врати нам тоа Богоопштење кое било изгубено со падот во грев. Преку Господа Исуса Христа, Синот Божји, ние стапуваме во општење со Отецот и на тој начин ја достигнуваме својата цел.

Св. Теофан Затворник
Писма кон разни лица, 24

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк