Православен календар

Светиот праведен и многустрадален Јов

6 мај (по стар стил)

Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка - Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но, во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, сè како што е подробно опишано во Книгата Јов. И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои. Потоа врз него падна тешка болест од којашто целото тело му се покри со рани од темето до стопалата и лежеше Јов на ѓубриштето надвор од градот и со парче ќерамида си го вадеше гнојот од раните. Но, не заропта на Господа, туку стрпливо докрај ги поднесе сите оние маки. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде многу поголемо богатство од претходното и пак му се родија седум синови и три ќерки, колку што ги имаше порано. Поживеа уште двесте четириесет и осум години, постојано славејќи и фалејќи Го Бога. Јов се смета за пример на трпеливо поднесување на секое страдање коешто Бог ни го испраќа и за предобраз на страдалниот Господ Исус.

Сподели на твитер
днсМарт 2024
П117
С218
Н319
П420
В521
С622
Ч723
П824
С925
Н1026
П1127
В1228
С1329
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кај секој што оди на грев мислите како да се закочени и видот како да е повреден и не распознава, бидејќи лукавиот кој нè поттикнува и нè заведува, ни го раслабува и замаглува гледањето. А после постапката тој го става пред нашите очи направеното и жестоко го открива тоа, што претходно со многу лукавства го сокривал, па разоткривајќи ја тежината на направеното се труди да го турне оној кој што згрешил во очај.

Св. Фотиј Велики
Амфилохии, 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк