Православен календар

Светата царица Тамара грузиска

1 мај (по стар стил)

Светата благоверна царица на Грузија, Тамара Великата, е родена околу 1165 година. Потекнуваше од древната грузиска династија Багратиди и од 1178 година беше совладетелка на својот татко, Георгиј III. Времето на царувањето на светата Тамара е познато како златен век на грузиската историја: царицата Тамара се одликуваше со високо благочестие и продолжувајќи го делото започнато од нејзиниот дедо, благоверниот цар Давид III Возобновител (се слави на 26 јануари), придонесе за широкото распространување на христијанската вера по цела Грузија и за подигање на многу цркви и манастири. Во 1204 година управителот на румскиот султатнат, Рукн-ед-Дин, ѝ се обрати на Тамара со барање Грузија да се откаже од христијанството и да прими ислам. Царицата Тамара го одби тоа барање, и во историската битка близу Басијана, грузиската војска ја разби коалицијата на муслиманските владетели. Мудрото управување на благоверната царица Тамара ја привлече сенародната љубов. Последните години од животот ги помина во пештерскиот манастир Варѕиа. Благоверната царица имаше ќелија која имаше мало окно кон храмот, преку кое можеше да ги вознесува молитите кон Бога во време на богослужењето. Се упокои мирно во 1213 година и беше вброена кон ликот на светителите.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Април
18
Април
нов
стил
Чет., Велик Пост. Строг пост.
Мч-ци Агатопод и други со него (303); Преп. Теодора Солунска (892)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кај праведните нема жалост којашто нема да се претвори во радост, исто како што и кај грешниците нема радост, којашто нема да се претвори во жалост.

Св. Димитриј Ростовски

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк