Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За тоа време, неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството, Ликиниј се предаде себеси на сите страсти, а најмногу на прељубништво. Заради нападот на оваа нечиста страст тој посака да ја оскверни девицата Глафира, којашто беше на служба кај царицата. Таа ѝ се пожали на царицата и царицата тајно ја испрати во Никомидија во Понтиската област. Девицата Глафира стигна до градот Амасија, а таму ја примија срдечно епископот Василиј и сите христијани. Беше радосна што најде прилика да си ја спаси девственоста и за ова ѝ пишуваше на царицата. Царицата се радуваше и ѝ испраќаше пари за црковниот храм во Амасија. Но, едно од овие писма од Глафира до царицата му падна во рацете на царскиот евнух и тој му го покажа на својот господар Ликиниј. Кога царот дозна каде престојува Глафира, испрати да ја доведат во Никомидија, и неа и епископот. Во меѓувреме Глафира умре, а војниците го доведоа врзан само епископот Василиј. Откако претрпе маки и затвор, овој блажен маж заврши под меч, а телото му го фрлија во морето, во 322 година. По укажување на Божји Ангел, неговите клирици го извлекоа од водата со помош на рибарски мрежи и го пренесоа во Амасија, каде што чесно го погребаа во храмот којшто го подигна самиот. Царот Константин крена војска против Ликиниј, го победи, го фати и го испрати во ропство во Галија, каде што заврши неговиот богоотпаднички живот.
д | н | с | Јануари 2025 |
---|---|---|---|
С | 1 | 19 | |
Ч | 2 | 20 | |
П | 3 | 21 | |
С | 4 | 22 | |
Н | 5 | 23 | |
П | 6 | 24 | |
В | 7 | 25 | |
С | 8 | 26 | |
Ч | 9 | 27 | |
П | 10 | 28 | |
С | 11 | 29 | |
Н | 12 | 30 | |
П | 13 | 31 | |
В | 14 | 1 | |
С | 15 | 2 | |
Ч | 16 | 3 | |
П | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Н | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
В | 21 | 8 | |
С | 22 | 9 | |
Ч | 23 | 10 | |
П | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Н | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
В | 28 | 15 | |
С | 29 | 16 | |
Ч | 30 | 17 | |
П | 31 | 18 |