Православен календар

Светиот великомаченик Георгиј

23 април (по стар стил)

Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клада, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди да го врзат на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Меѓутоа, при сите овие маки, Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта. Кога светиот Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Валериј, Донат и Терин. Најпосле, царот ги осуди Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат, а свети Георгиј го убија во 303 година. Безбројни се чудата што се јавија на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави сè заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. И го дарува со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Август
4
Септември
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ци Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Акиндин, Северијан и други (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ Го дал на земјата Светиот Дух, и во оној во кого Он живее, тој го чувствува рајот во себе. Можеби ти ќе речеш: „зошто во мене нема таква благодат?“ Затоа што ти не си се предал на волјата Божја, но живееш по својата. Погледнете на оној којшто ја љуби својата волја. Тој никогаш нема мир во својата душа и секогаш заради нешто не е задоволен. А оној што совршено се предал на волјата Божја, тој има чиста молитва, неговата душа Го љуби Господа и нему сè му е пријатно и мило.

Преп. Силуан Атонски
Списи. VI. 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк