Православен календар

Светиот Николај Охридски и Жички

20 април (по стар стил)

Епископот Николај (Велимировиќ) Охридски и Жички е роден на денот на светиот Наум Охридски, во 1880 година, во селото Лелиќ, Србија. Уште како дете, одејќи со своите родители на богослужба во манастирот Ќелије, почна да навлегува и да се храни од чистите води на Православието. Заврши Богословија, а потоа одбрани два докторати: на Старокатоличкиот факултет во Берн, Швајцарија, и на Оксфордскиот универзитет во Англија. Се замонаши во 1909 година и беше ракоположен за јеромонах. Потоа престојуваше во Русија, а од 1915 во Америка и Англија. За епископ беше избран во 1919 година, а една година подоцна беше поставен за епископ Охридски. Таму доживеа преобразба, и од голем интелектуалец, философ и писател стана подвижник, испосник, духовник, пастир, светител. Токму во Охрид ги напиша своите најубави и најдлабоки дела во кои се чувствува голема богословска длабочина, зад која стои неговиот свет подвижнички живот. Го отфри туѓиот и студен западен дух и тука навистина стана православен епископ, фокусиран на личноста на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Ја презре и отфрли светската слава, човечките пофалби му станаа бедни, претерано негуваниот книжевен израз почна да му личи на празнословие, а светското мудрување на духовна бедотија. Од Николај генијот започна Николај светителот. И токму тоа најмногу ги привлече и задржуваше луѓето околу него. Во 1934 година беше вратен во Жичката епархија, а во текот на Втората светска војна беше апсен и затворан, па извесно време помина и во озлогласениот концетрационен логор Дахау, близу Минхен. По крајот на војната, не можеше да се врати во комунистичката Југославија, па замина во Америка, каде што работеше како професор на богословијата „Свети Тихон“ и на академијата на „Свети Владимир“ во Њујорк. Се упокои во 1956 година, во манастирот Свети Тихон. Неговите свети мошти беа пренесени во неговото родно село во 1991 година

Сподели на твитер
днсАвгуст 2021
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
23
стар
стил
Јули
5
Август
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Мч-ци Трофим, Теофил и други со нив (305); Почаевска икона Богородична (1675)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога ќе почнат да нè фалат да побрзаме да се потсетиме на мноштвото наши беззаконија; и ќе увидиме дека навистина сме недостојни за она што другите го велат или го прават во наша чест.

Преп. Јован Лествичник
Лествица. 22. 42

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк