Православен календар

Преподобен Даниил Скитски

7 јуни (по стар стил)

Игумен на прочуениот скит египетски. Ученик на свети Арсениј и учител на мнозина. Многу од неговите зборови и поуки се ѕвезди-водилки за монасите. Еднаш кога варварите го нападнаа скитот, го викнаа браќата да бега заедно со нив. Тој им одогвори: „Ако Бог не се грижи за мене, што ќе ми е да живеам?“ Уште велеше Даниил: „Колку што телото твое се дебелее, толку душата ти слабее.“ Четириесет години се подвизуваше во општежитие, а потоа, во 420 година, се повлече во пустина. Свети Даниил се најде во Александрија кога еден изопачен свекор ја уби својата снаа, света Томаида, заради нејзиното целомудрие (се слави на 13 април). Тогаш, заедно со својот ученик, овој светител ја погреба светата страдалница.

Сподели на твитер
днсДекември 2024
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Ноември
9
Декември
нов
стил
Пон., Божикен пост. Строг пост.
Преп. Алипиј столпник (640); Осветување на храмот на св. Георгиј
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Колку само се лажат оние кои бараат среќа надвор од себеси – во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во многу имот и насладувања, во задоволства и испразни работи, на кои горчлив им е крајот! Да се изнесува градината на среќата надвор од нашето срце - тоа е исто како да градиш дом на место кое постојано го тресат земјотреси. Среќата се наоѓа во нас самите, и блажен е оној кој го разбрал тоа... Среќа – тоа е чисто срце, затоа што таквото срце станува престол Божји. Така вели Господ за тие кои имаат чисто срце: „Ќе Се вселам во нив и ќе бидам нивен Бог, и тие ќе бидат Мој народ“ (2Кор.6, 16) Што уште може да им недостасува? Ништо, навистина ништо! Затоа што тие го имаат во срцето свое најголемото богатство – Самиот Бог!

Св. Нектариј Егински
Пат до среќата, 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк