Православен календар

Преподобен Агапит Печерски

1 јуни (по стар стил)

Исцелител бесребреник. Ученик на свети Антониј Печерски. Ги лечеше луѓето со молитва и давајќи им од зелјето од кое самиот си правеше храна за себе. Така го излечи и кнезот Владимир Мономах, заради што се прочу насекаде. Му позавиде на тоа лекарот на овој кнез, некој Ерменин, и почна да го клевети. Кога Агапит се разболе, дојде кај него Ерменинот и му рече дека ќе умре за три дена, но ако не умре, дека и тој самиот, Ерменинот, ќе се замонаши. А Агапит му рече на Ерменинот дека нема да умре за три дена, туку за три месеци. Така и се случи. По смртта на Агапит, дојде Ерменинот кај печерскиот игумен и го замоли да го замонаши, зашто, како што рече, му се јавил од оној свет свети Агапит и го потсетил на ветувањето. И така, некогашниот завидливец, по Божја Промисла, стана кроток монах, кој им го посакува спасението на сите луѓе. Се упокои Свети Агапит во 1095 година.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Јули
16
Јули
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Мч. Јакинт (108); +Пренос на моштите на св. Филип, митр. Московски (1652)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој предвреме го започнува делото што е над неговите сили, тој ништо не придобива, а само си ја удвојува штетата.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 11

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк