Православен календар

Спомен на Првиот Вселенски Собор

29 мај (по стар стил)

Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. Беше свикан за да ја отстрани забуната којашто ја создаде александрискиот свештеник Ариј со неговото криво учење. Имено, тој ширеше учење дека Христос е создаден од Бога во времето и дека не е предвечен Син Божји, рамен по суштина на Бога Отца. На овој Собор учествуваа 318 Свети отци. Соборот го осуди учењето на Ариј, а Ариј го предаде на анатема, бидејќи не сакаше да се покае. Исто така, Соборот конечно го утврди Символот на Верата, којшто подоцна, на Вториот Вселенски Собор беше дополнет. На Првиот Вселенски Собор учествуваа голем број значајни светители, меѓу кои особено се истакнуваа: Николај Мирликиски, Спиридон Тримитунтски, Атанасиј Александриски, Ахил, Пафнутиј, Јаков Нисивиски, Макариј Јерусалимски, Александар Александриски, Евстатиј Антиохиски, Евсевиј Кесариски, Митрофан Цариградски, Јован Персиски, Аристак Ерменски и многумина други од Исток. А од Запад присуствуваа: Осија Кордобски, Теофил Готски, Цецилијан Картагенски и други. Главната работа на овој Собор беше утврдувањето на Символот на Верата. Освен тоа, Соборот го утврди и времето за годишното празнување на Христовото Воскресение (Велигден). Беа пропишани и дваесет други канони.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јуни
14
Јуни
нов
стил
Сабота. Оддание на Педесетница. Не се пости.
Мч-ци Јустин Философ и со него постраданите (166); Св. Јустин Ќелијски (1979)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како што не може со зборови да му се објасни сладоста на медот на оној кој никогаш не пробал мед, така и добрината Божја не може да биде јасно предадена во учењето, доколку самите не можеме да ја постигнеме благоста на Господа.

Св. Василиј Велики
Беседи на Псалмите, 29

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк