Православен календар

Светиот новомаченик Александар Солунски

26 мај (по стар стил)

Овој Христов маченик беше роден во времето на големата турска тиранија над Солун. Како млад беше прелажан од Турците и потурчен. Во почетокот не го гризеше совеста за таа постапка и тој појде на Ќаба со останатите мухамедански аџии, па стана дервиш. Но, како дервиш во Солун почна горчливо да се кае. При ова каење дојде на мисла дека со ништо не може да го симне од себе страшниот грев на христоотстапништво, освен со својата крв. Се реши на мачеништво и излезе пред Турците како христијанин. Турците го фрлија в затвор и го подложија на долги маки. Но Александар постојано викаше: „Како христијанин се родив и како христијанин сакам да умрам!“ Најпосле Турците го осудија на смрт, на што покајаниот Александар многу се израдува, познавајќи од тоа дека гревовите му се простени и дека Бог ја прима неговата жртва. Беше заклан во Смирна, во 1794 година, и прославен во Црквата небесна и земна.

Сподели на твитер
днсМарт 2024
П117
С218
Н319
П420
В521
С622
Ч723
П824
С925
Н1026
П1127
В1228
С1329
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не се труди со разобличувања да му принесеш полза на оној кој се фали со добродетелите, бидејќи оној што сака себеси да се покажува, тој не може да биде љубител на вистината.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 222

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк