Православен календар

Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски

25 мај (по стар стил)

Монах и подвижник на островот Кипар, се удостои со епископски чин, а за време на прогонствата се удостои и со маченички венец. Неговото тело почиваше во една црква на Кипар. Кога во времето на Никифор удрија Агарјаните на островот Кипар, светителот му се јави на настојателот на црквата и му кажа дека неверниците ќе го нападнат Кипар, па му нареди неговите мошти да се пренесат во Цариград. Тој веднаш го изврши тоа. Кога тргна коработ со кивотот, на морето се крена голема бура, но околу самиот кораб беше тивко и мирно, а од кивотот се разлеваше благоухание низ целиот кораб и наоколу. Тогаш настојателот го отвори кивотот и сите го видоа преисполнет со миро излеано од моштите на светителот. Од тоа миро се намачкаа мнозина болни и оздравеа. Во Цариград над чудотворните мошти изградија нова црква и почнаа да здобиваат исцеленија сите што со вера им притекнуваа на светите чудотворни мошти. Со Божествената благодат од моштите на свети Терапонт се исцелуваа најтешките болни од парализа, рак, крвотечение, лудило, слепило, исушеност и разни други маки.

Сподели на твитер
днсЈули 2025
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Јули
18
Јули
нов
стил
Петок. Пост.
+Преп. Атанасиј Атонски (1000); Прмц. кн. Елисавета и мон. Варвара (1918)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Треба да се научиме себеси да јадеме што помалку, но тоа да биде со расудување, онолку колку што ти дозволува твојата работа. Мерката на воздржанието треба да биде таква, што после ручекот да имаш желба да се молиш.

Преп. Силуан Атонски
Списи, V.8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк