Православен календар

Преподобна Ефросинија, кнегиња Полоцка

23 мај (по стар стил)

Ќерка на полоцкиот кнез Всеслав. Кога родителите сакаа да ја свршат, побегна во еден женски манастир и се замонаши. Трипати ѝ се јави Ангел Господов и ѝ го покажуваше местото каде што ѝ претстоеше да устрои нов манастир од девици. Кон монаштво ја привлече и својата сестра Евдокија и многу други девојки од благороднички род. Нејзината роднина Звенислава, по раѓање кнегиња Борисовна, го донесе сето свое богатство, фустаните и скапоцените камења и рече: „Сите убавини на овој свет ги сметам за ништожни, овие украси подготвувани за брак ѝ ги давам на Црквата на Спасителот, а самата сакам да Му бидам свршеница за духовен брак и да си ја потклонам главата под Неговиот благ и лесен јарем“. Ефросинија ја замонаши и ѝ го даде името Евпраксија. На старост Ефросинија посака да умре во Ерусалим и Го молеше Бога за ова. Бог ѝ ја услиши молитвата и навистина, кога го посети Ерусалим, таму и се упокои. Погребана е во манастирот на свети Теодосиј на 23 мај 1173 година.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Февруари
16
Февруари
нов
стил
Понеделник. Без месо.
Св. Симеон Богопримец и пророчица Ана (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во секој Христијанин Христос е Оној Кој војува и победува, и Тој е Оној што го призива Бога, и Кој се моли, и Кој благодари - сето тоа се дејствија на Христа, Кој се радува и се весели кога ќе види дека во нас пребива тоа убедување, дека Христос е Тој Кој го прави сето тоа. Затоа секој христијанин за сите добри дела кои ги прави, должен е да каже дека нив ги прави Христос, а не тој самиот; кој не мисли така, напразно се нарекува себе си христијанин.

Преп. Симеон Нов Богослов
Слова, ч.1,4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк