Православен календар

Преподобниот маченик Пахомиј

21 мај (по стар стил)

Родум од Мала Русија. Во младоста го фатија Татарите и го продадоа како роб на еден Турчин кој беше кожар. Помина во ропство дваесет и седум години, во местото Усаки, во Мала Азија. Насилно го потурчија. Отиде на Света Гора, се замонаши и помина дванаесет години во манастирот на Светиот Апостол Павле. Реши да пострада за Христа. Неговиот Старец, духовникот Јосиф, го испрати Пахомиј до Усаки, каде што на својот поранешен господар Пахомиј му се јави како христијанин во монашка облека. Турците го ставија на маки, а потоа го фрлија во затвор и најпосле го заклаа, на 8 мај 1730 година, на самиот ден на Вознесението Христово. Од неговата крв и од неговите мошти се случија многу чуда. Погребан е на островот Патмос, во црквата на Свети Јован Богослов. Така овој малоруски селанец стана маченик и венценосец во бесмртното Христово Царство.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Мај
21
Мај
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Вознесение
Господово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако намерата која што му претходи на дејствието не е чиста, тогаш и самото дејствие ќе биде лошо, дури и ако изгледа како добро.

Св. Григориј Двоеслов
Разговори, 1.10

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк