Православен календар

Светата маченичка и девица Јулија

16 јули (по стар стил)

Родум од Картагена, од прочуен род. Кога Персијците ја покорија Картагена, многуброен народ беше одведен во ропство. Беше фатена и заробена и света Јулија и му падна во рацете на некој трговец во Сирија. Трговецот беше незнабожец. Кога виде дека света Јулија е христијанка, ја советуваше да се откаже од Христа и да стане едноверна со него. Јулија никако не се согласуваше со тоа. Па бидејќи беше верна и добра во служењето, трговецот ја остави и не ѝ додеваше повеќе за верата. Еднаш тој натовари кораб со стока, ја зеде со себе Јулија и тргна во далечни краишта по трговија. Кога пристигнаа на Корзика, се падна некој незнабожечки празник, а Јулија остана на коработ плачејќи од жал што многубројни луѓе живеат во глупава заблуда и не знаат за вистината. Но незнабожците некако дознаа за неа, ја извлекоа од коработ и иако нејзиниот господар им се противеше, почнаа страшно да ја мачат, ѝ ги отсекоа градите и ги фрлија на еден камен, а потоа ја распнаа на крст. Тогаш Јулија Му го предаде својот дух на Господ. Ангел Божји им ја објави нејзината смрт на монасите на блискиот остров Маргарита (или Горгона) и тие дојдоа и чесно го погребаа телото на маченичката. На гробот на света Јулија се јавуваа многубројни чуда. Таа пострада чесно во 6 век. После многу години верните посакаа да изградат нова црква во чест на света Јулија на едно друго место, бидејќи старата црква остаре и пропадна. Но ноќта наспроти денот кога сакаа да го положат темелот, граѓата за црквата со невидлива рака беше пренесена до старата црквичка. Во недоумение луѓето повторно ја пренесоа граѓата на новоизбраното место, но пак се случи истото: материјалот се врати на местото кај старата црква. Од ова сите разбраа дека света Јулија не сака да ѝ ѕидаат црква на друго место, па ја срушија старата црквичка и на тоа место подигнаа нова.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Април
29
Април
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч. Агапија, Ирина и Хионија (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој што за некоја работа ја положил својата надеж во Бога, повеќе не се расправа за тоа со ближните.

Преп. Марко Подвижник
Проповеди, 2. 103

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк