Православен календар

Преподобните Патермутиј и Коприј

9 јули (по стар стил)

Иако имаат исти имиња, не се истите со гореспоменатите. Овој Патермутиј најнапред беше водач на разбојници, но по едно чудесно видение се обрати во вистинската вера и се замонаши. Имено, тој еднаш се качи на покривот од куќата на една богоугодна жена, за оттаму да влезе во куќата и да ја ограби. Но, на него падна сон и тој виде Некого Којшто му се закани да не прави повеќе зло и да се покае. Не само што се крсти туку и се замонаши. Обајцата беа големи чудотворци. Со Божјата благодат ги лечеа луѓето од секакви маки и болести, ги обраќаа грешниците на прав пат, беа и прозорливи. Некој грешник кога лежеше на одар го замоли Патермутиј да му го продолжи животот за да се покае. По молитвата, светителот му рече дека Бог му го продолжува животот за три години. Грешникот се покаја и точно после три години умре. Се упокоија во Господа на крајот од 4 век, во длабока старост.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Април
20
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Преп. Георгиј исп., митр. Митилински (после 820); Мч. Калиопиј (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Огради го својот ум од самофалби и избегнувај го високото мислење за себеси, за да не допушти Бог да паднеш во спротивното од она со што се фалиш, бидејќи доброто не се прави само од страна на човекот, туку со помош на Бога Кој сè гледа.

Преп. Марко Подвижник, Поуки. 2. 188

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк