Православен календар

Света Марта

4 јули (по стар стил)

Мајката на Свети Симеон Дивногорец (под 24 мај). Со целата душа посветена на верата, таа и не помислуваше на брак. И кога родителите ја свршија за некој младич, намисли да го остави родителскиот дом и да се оддалечи од светот. Но ѝ се јави свети Јован Претеча и ја посоветува да им ја исполни волјата на родителите и да стапи во брак, како што таа и направи. Од тој брак се роди прекрасниот светител Симеон, подвижник Дивногорски. Света Марта имаше постојан обичај да станува на полноќ на молитва. Со голема милосрдност ги помагаше бедните, ги пригледнуваше сираците и им служеше на болните. Една година пред својата смрт виде големо мноштво Ангели со свеќи во рацете и од нив го дозна времето на своето упокојување. После ова со уште поголема усрдност се предаде на молитва и добродетел. Се упокои мирно во 551 година, а беше погребена крај стапалата на нејзиниот син Симеон Столпник. Посмртно повеќепати им се јави на луѓето заради поука и заради исцелување на болни. Како значајно се памти нејзиното јавување на настојателот на обителта на Свети Симеон. По погребот на света Марта игуменот постави на нејзиниот гроб кандило, со решение тоа никако да не се гаси. Но, по извесно време луѓето ги потфати мрзеливост и кандилото згасна. Тогаш настојателот се разболе, му се јави светителката и му рече: „Зошто не го палите кандилото на мојот гроб? Да знаете дека мене не ми е потребна светлината од вашите свеќи, бидејќи се удостоив кај Бога со Незалезната небесна светлина, но вам ви треба. Зашто кога заискрува на мојот гроб, светлината ме поттикнува да Го молам Бога за вас.“ Од ова е јасно дека со нашата почит кон светителите ги побудуваме како подостојни од нас да Го молат Бога за нашето спасение.

Сподели на твитер
днсДекември 2025
П118
В219
С320
Ч421
П522
С623
Н724
П825
В926
С1027
Ч1128
П1229
С1330
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Ноември
11
Декември
нов
стил
Чет., Божикен пост. Масло.
+Св. 15 свмч. Тивериополски (IV); Прмч. и исп. Стефан Нов (767)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како што нема ништо поспротивно на Бога од гордоста, бидејќи во неа се крие обоготворувањето на самиот себе, на својата ништожност и гревовност, така најпријатно за Бога е смирението, коешто се смета себеси за ништо, та секое добро, чест и слава му ги припишува на Бога. Гордоста не ја прима благодатта затоа што е полна со себеси, а смирението лесно ја прима благодатта затоа што е ослободено како од себеси, така и од сè тварно. Бог создава од ништо, сè додека сакаме да мислиме дека сме нешто, Он во нас нема да го почне своето дело. Смирението е сол на добродетелта. Како што солта му придава на јадењето вкус, така смирението им придава на добродетелите совршенство. Без сол јадењето лесно се расипува, а без смирение добродетелта лесно се уништува поради гордоста, суетата, нетрпеливоста, и исчезнува. Има смирение кое што човекот го добива преку сопствен подвиг, со тоа што го познава своето недостоинство, се укорува себеси за своите недостатоци и не си дозволува да ги суди другите. А има смирение, во кое Бог го воведува човекот преку своите судови: допуштајќи му да искуси оскрбувања, унижувања, лишувања.

Св.Филарет Московски
Славата на Богомајката, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк