Православен календар

Свети Исаија Отшелник

3 јули (по стар стил)

Се подвизуваше во египетскиот скит во 5 и во 6 век. Се спомнува во книгата на светите Варсануфиј и Јован (одговор 249 и др.) како маж со вонредна светост. Напиша мноштво поуки за монаси и отшелници. Но, од неговите списи останаа малку, а многу се уништени од муслиманите. Говореше свети Исаија: „Пред да се разбуди од сонот на мрзливоста, умот се наоѓа со демоните“. „Круната на сите добри дела се состои во тоа човек да ја положи сета своја надеж на Бога, да прибегнува кон Него Единствениот со сето свое срце и со целата сила, и да плаче пред Бога молејќи Го за помош и помилување.“ Каков е знакот дека на човекот му е простен гревот? „Знак дека гревот е простен е тоа што тој грев не произведува повеќе никакви дејства во твоето срце и си го заборавил до таа мера, што во разговор за сличен грев не чувствуваш никаква наклоност кон тој грев, како да е нешто наполно туѓо за тебе. Тоа е знакот дека си помилуван.“ Залудни се и молитвите и подвизите на човекот којшто во себе таи злоба кон својот ближен и желба за одмазда. „Со сите сили грижи се со устата да не зборуваш едно, а во срцето да имаш друго“. Круна на добродетелите е љубовта, а круна на страстите е правдањето на сопствените гревови“.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Октомври
17
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Свмч. Јеротеј, еп. Атински (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Украсувај се себеси со правда, труди се секому да му ја говориш вистината и не ја потврдувај лагата, кој и да го бара тоа од тебе. Ако ја кажеш вистината и со тоа се изложиш на нечиј гнев, не жали поради тоа, но утешувај се со зборовите Господови: блажени се гонетите поради правда, бидејќи нивно е Царството Небесно.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка, 26, 29

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк