Православен календар

Преподобен Петар, принц Ордински

30 јуни (по стар стил)

По потекло Татарин, син на татарскиот цар Беркај. Словото за спасението го слушна од ростовскиот епископ Кирил и му се прилепи за срцето. Кога го виде чудесното исцелување на Беркаевиот син со помош на молитвата на истиот епископ Кирил, тајно ја остави Златната Орда и побегна во Ростов. Тука се крсти и сиот се предаде на подвиг и изучување на благочестивата вера. Еднаш ноќеваше на езерски брег, а во сон му се јавија светите апостоли Петар и Павле и му наредија на тоа место да изгради црква ним посветена. За ова потребните пари ги доби од нив. Петар навистина изгради овде прекрасен храм во којшто и самиот на старост, по смртта на својата сопруга, се замонаши. Мирно се упокои во длабока старост, на 29 јуни 1290 година, а неговата црква стана манастир, по него наречен Петровски.

Сподели на твитер
днсМарт 2026
Н116
П217
В318
С419
Ч520
П621
С722
Н823
П924
В1025
С1126
Ч1227
П1328
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Февруари
6
Март
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Тимотеј во Символи (795); Св. Евстатиј, архиеп. Антиохиски (337)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог ги цени делата според нивната намера. Бидејќи е речено: „ќе ти даде Господ според Твоето срце“ (Пс. 19,5)... Затоа оној којшто сака нешто да направи, но не може, нему му се смета - пред Бога, Кој ги знае намерите на нашето срце - како да го извршил тоа. Тоа се однесува како на добрите дела, така и на лошите.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 1. 54

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк