Православен календар

Преподобен Георгиј Иверски, Светогорец

27 јуни (по стар стил)

Роден во Иверија (Грузија) 1014 година, како роднина на грузиските цареви. Се здоби со солидно класично образование во детството, но срцето го влечеше кон духовниот живот. Се подвизуваше кај прочуениот духовник Георгиј во гората Црна. Побегна на Света Гора и продолжи со подвигот во манастирот Ивирон. Стана Иверски игумен. Со помош на царот Константин Мономах го обнови Иверскиот манастир и ја покри црквата со олово. Тој оловен покрив стои до денес. На грузиски јазик ги преведе Светото Писмо, Прологот и богослужбените книги. Царот Баграт го повика во Грузија да го учи народот. Во својата татковина беше дочекан царски. Одеше насекаде и го поучуваше клирот и народот. На старост посака да умре на Света Гора, каде што и тргна, но смртта го затекна во Цариград, 1067 година. Моштите му ги пренесоа во Ивер. Иако умре на 24 мај, Иверците го празнуваат неговиот спомен на 30 јуни и го сметаат за рамноапостолен.

Сподели на твитер
днсЈуни 2020
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Мај
3
Јуни
нов
стил
Среда. Пост.
+Рамноап. цар Константин (337) и неговата мајка царица Елена (327)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Старицата Теодора раскажувала: некој монах, којшто трпел многу маки, си рекол: ќе заминам од овде. Со тие зборови тој почнал да си ги облекува сандалите на нозете и одеднаш го видел ѓаволот во аголот од неговата ќелија во вид на човек којшто исто така облекувал сандали на нозете и којшто му рекол: поради мене ли си одиш одовде? Знај дека каде и да одиш, јас ќе бидам таму пред тебе.

Св. Игнатиј Брјанчанинов
Отечник

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк