Православен календар

Свештеномаченик Терентиј (Терциј), епископ Икониски

21 јуни (по стар стил)

Светиот Терциј е еден од 70-те апостоли. По потекло од Коринт, беше еден од најблиските ученици и соработници на светиот апостол Павел. Познато е дека посланието на апостолот Павел кон Римјаните беше напишано од апостолот Терциј, бидејќи апостолот Павел, според неговото сопствено сведоштво, имаше неразбирлив ракопис кој беше тешко да се препишува. Дека Терциј го пишувал ова послание дознаваме и од самото послание, каде што ги читаме следните зборови: „Ве поздравувам и јас, Терциј, кој го напиша ова послание“ (Рим. 16, 22). Светиот апостол Терциј беше епископ во Иконија после светиот апостол Сосипатр, и таму се удостои да прими маченички венец. Пострада во I век, беше прободен со зашилено дрво.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Јануари
24
Јануари
нов
стил
Петок. Пост.
Преп. Јоаникиј Ракотински (1940); +Преп. Теодосиј Велики (529)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како да дознаеш дали живееш по волјата Божја? Еве знак: ако жалиш за нешто, значи не си се предал целосно на волјата Божја. Оној којшто живее по волјата Божја, тој за ништо не се грижи. И ако му е потребно некаква ствар, тој и себеси и стварта ги предава на Бога, и ако не ја добие, тој сè едно останува спокоен, исто како да ја има. Душата којашто се предала на волјата Божја од ништо не се плаши: ни од закана, ни од разбојници, од ништо. Што и да ѝ се случи таа вели: „така на Бога Му е угодно.“ Ако настапи болест тогаш вака размислува: значи на мене ми е потребна болеста, инаку Бог не би ми ја дал. И така го сочувува мирот во душата и во телото.

Преп. Силуан Атонски
Списи. VI. 4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк