Православен календар

Света Нина, просветителка на Грузија

14 јануари (по стар стил)

Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на јерусалимскиот патријарх Јувеналиј. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувеналиј. Кога слушна за грузискиот народ, света Нина, уште малечка, сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов на народот. Успеа да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар, коишто потоа ревносно ја помагаа света Нина во мисионерската работа. Во текот на животот, Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе, главно, сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од своите многубројни трудови и се упокои во Господа во 335 година. Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за време на животот и после смртта.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Април
24
Април
нов
стил
Сре., Велик Пост. Строг пост.
Свмч. Антипа, еп. на Пергам Азијски (68); Преп. Јаков Железноборовски (1442)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној што во своето срце гледа траги на омраза кон некој човек заради некој негов грев, совршено ѝ е туѓ на љубовта кон Бога. Бидејќи љубовта кон Бога совршено не трпи омраза кон човекот.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 1.15

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк